Мајкл Штрауметис, светската канабис-ѕвезда со „уметничко“ име Биг Мајк по тридневна посета денеска од Меѓународниот аеродром Скопје замина од Македонија.
Тој се сретна со премиерот Зоран Заев за кого рече дека ја разбира можноста на канабисот за Македонија и дека 3 до 4 илјади работни места ќе бидат отворени во следните 2 до 3 години. Со тоа, додава тој, ќе се отвори голема можност за пазарот на канабис во Европа од како што рече, пријателската средина како ниедна друга во Европа.