Бик избега од кланица: Полуден дивееше низ Марибор! (ФОТО)


Полуден Бик дивееше низ градот, на крајот паднал во јама во објект во изградба каде морал да биде убиен.

Бикот избегал од кланицата “Kosak” во Марибор, некое време лутал низ градот и ги преплашил граѓаните. Кога се обиделе да го фатат полудел и почнал неконтролирано да трча низ улиците и вистинска среќа е што никој не е повреден. На крајот паднал во дупка во објект во изградба.

Директорката на Управата за ветеринарство Вида Чадониќ Шпелиќ вели ова е несреќен случај, и бидејќи нема повредени нема да има санкции против одговорните во компанијата.
– Нашите ветеринари се постојано присутни во кланиците и да избегаат животни се случува многу ретко – рече таа.
Според првите неофицијални информации, бикот избегал од боксот за успивање каде според прописите бил присутен и ветеринар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1