Трагично згаснал животот вчера попладнето на 46-годишниот Ѓорѓи М. од селото Дорфулија, која бил распорен од роговите на бик кој бил во стадото што покојниот го напасувал.
Инцидентот се случил вчера околу 17 часот на м.в.Ливади во атар на с.Дорфулија општина Лозово. Бикот со роговите му го распорел стомакот на говедарот, а му нанел и други повреди, по што тој веднаш починал.
Извршен е увид од страна на увидна екипа од ПС Свети Николе, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.