Бил Гејтс откри од ова најмногу се плаши – а тоа е нешто што ќе убие милиони луѓе


Бил Гејтс е опседнат со црни мисли, иако за себе вели дека е непоправлив оптимист.

Имено, Гејтс во интервју за Хафингтон пост открил од што најмногу се плаши, а тоа не се ерупции, земјотреси, астероиди, или пак нуклеарна војна.

Што би можело во наредните 20 години да убие 10 милиони луѓе?bil gejts

– Сметам дека шансите за нуклеарна војна за време на мојот живот се прилично мали. Но, шансите за епидемија, и тоа многу полоша од еболата, се поголеми и од 50 отсто, изјавил Гејтс.

Последната глобална смртоносна епидемија била шпанската грозница која помеѓу 1918-тата и 1919-тата година убила 65 милиони луѓе, што е повеќе отколку што настрадале во Првата светска војна.
Но, епидемијата на ебола, усмрти 11.000 луѓе и воедно ни покажа колку е светот неподготвен за борба против заразните болести.

Гејтс изјавил дека според неговата анализа, денес за 50 пати повеќе луѓето ги минуваат границите, отколку што тоа било случај во 1918-тата година. Токму поради тоа, но и поради низа од многу други фактори, Гејтс проценува дека идната епидемија со размери од шпанската грозница би можела да убие и повеќе од 10 милиони луѓе, за само година дена.

– Ние креиравме, што се однесува до ширењето на вирусите, најопасна средина која некогаш воопшто постоела во историјата на човештвото, порачува Гејтс.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1