Бил Козби прогласен за виновен за силување


Американскиот актер и комичар Бил Козби е прогласен за виновен за сексуално злоставување.

Да потсетиме, во јуни минатата година судија од американскиот суд го поништи судењето на Козби по повод обвинувањето за силување, по неуспешното заседание на поротата кое траеше повеќе од 50 часа.

Од ноември 2014 година, триесетина жени во јавноста излегоа со обвинување дека комичарот ги опивал со дрога и сексуално ги напаствувал, а случајот со Андреа Констанд е единствен кој доведе до кревање на кривично обвинение против Козби.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1