Крадецот кој пред неколку дена го украде белиот фустан со бисери кој актерката Лупита Нјонго го носеше на неодамна одржаните Оскари , се разочарал кога дознал дека бисерите на фустанот се лажни и дека не вредат како што мислел, јавуваат американските медиуми.
Црномурестата Лупита остана без фустанот кој го носеше на церемонијата на 87-тото издание на Оскарите во Лос Анџелес, кој беше специјално изработен за неа. Во фустанот се вткаени 6.000 бисери и неговата вредност е околу 15.000 долари, а тоа била и причината зошто крадецот и го зел од хотелот во кој престојувала, но по извесно време и го вратил и тоа спакуван во вреќа за ѓубре.
Како што изјавил во хотелот од кој го украл фустанот, бисреите не биле вистински , пренесува порталот „ТМЗ“/
Крадецот се јавил во порталот „ТМЗ“ и кажал каде се наоѓа фустанот. Тој огорчено заклучил дека се работи за „безвредна копија“ па јзатоа го оставил во вреќа за ѓубре во толает во хотелот.
Тој наводно од фустанот скинал два бисера и ги однел на проценка. Стручњакот му рекол дека не се вистински бисери. Сепак крадецот решил да го врати фустанот, а не да го фрли во ѓубре.