Бил заболен со коронавирус, здравствените власти „го шетале“ низ Скопје


Со заштитна облека од глава до пети, стручни лица денеска беа во Институтот за физикална медицина и рехабилитација во Скопје. Пациентите кои доаѓаа на третман, обезбедувањето ги враќаше назад. Алармот во болницата го запали пост на социјалните мрежи на ќерка на пациент кој закрепнувал таму, а бил заразен со коронавирус, јавува Алсат.

69 годишен тетовчанец се рехабилитирал во Центарот за рехабилитација во Козле. Се опоравувал од мозочен удар, но сепак во понеделникот со симптоми, неговото семејство побарало тој да биде хоспитализиран зошто имал коронавирус. Доцна синоќа неговата ќерка на социјалните мрежи објави дека нејзиниот татко е позитивен на Ковид 19.

Наташа Апостолоска раскажува како се одвивал процесот, додека на нејзиниот татко му се утврдувало дали има коронавирус. Прво од Институтот за физикална медицина го препратиле на Клиниката за гастро. По испитувањата го вратиле назад без забележан проблем од гастроентерохепатолошки наод. Но, во заводот не го примиле оти веќе бил испишан.

Од минатиот петок имал константна телесна температура од 37 со 5 и јаки главоболки. Апостолоска се јавила на „Ало докторе“, во Центрите за јавно здравје за да алармира дека се сомнева оти татко ù можно е да заболел од Ковид-19. Ја убедувале дека доколку персоналот во Институтот забележал симптоми, сигурно ќе побарале да биде тестиран.

„Со трите докторки кои го водеа, јас лично сум разговарала, значи молења, дај ве молам вие пријавете со соодветни насоки, дека имал температура и дека имал јаки главоболки. Значи немојте да се однесувате со него како со отпишан пациент. Значи буквално оставен во амбуланта во несоодветни услови за неговата здравствена состојба“, вели ќерката, Наташа Апостолска.

Апостолоска раскажува дека од Институтот за рехабилитација татко ù со брза помош во понеделникот бил однесен дома во Тетово. Вечерта состојбата му се влошила. По препорака на матичен лекар, семејството му дало парацетамол, но температурата не паѓала. Апостоловска побарала помош на телефонскиот број во Центарот за здравје во Тетово. И рекле да викне Итна Помош и татко ù да го однесат на инфективното одделение во тетовската болница.

„Брзата помош не сакаше да дојде бидејќи и они немале обврска за овој тип на пациенти. Со молења јавувања, после 30 минути, дојдоа од Брза помош, извршија само транспорт до Инфективно Тетово и таму го сместија. Првично околу 13 часот е дадена информација дека е негативен на коронавирус. Во 16 часот мајка ми, која е константно со него на Инфективно, се јави да каже дека татко ми е позитивен на коронавирус и дека ќе биде префрлен на Инфективна во Скопје“, додава Апостолска.

Таткото на Наташа сега е задржан во Скопје, а мајка ù се вратила дома во Тетово. Екипи дошле и го дезинфицирале нивниот дом и добиле препорака следните 15 дена да останат во изолација. Денеска им е земен брис за да се утврди дали и тие се заразени. Министерството за здравство најави детали за случајот, но останува прашањето дали ќе успеат да ги лоцираат сите кои биле во контакт со тетовчанецот, со медицинскиот персонал и со пациентите во Институтот за рехабилитација, Клиниката за Гастро, екипите на Брза Помош.

Алсат-м ТВ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1