Била руска мисица, се омажила, родила, се развела – како им кажала на ќерките дека сака жена


Руската манекенка Јулија Лемигова (42) при крајот минатата година склучи брак со поранешната тениска легенда Мартина Навратилова (58). Поранешната Мис на Русија открила како ја засакала Мартина и како на своите ќерки им соопштила дека сака да се венча со љубовта на својот живот. Пред бракот Јулија и Мартина се забавувале шест ипол години.

marti-624x351

Убавата Русинка од претходниот брак има две деца, Викторија (13) и Ема (8), додека нејзиниот син починал во петтиот месец.
– Растев ов Русија, не знаев дека постојат хомосексуални врски. Имав 17 години кога се преселив во Лондон и кога сфатив какви се односи постојат помеѓу луѓето – изјавила Јулија во едно неодамнешно интервју.

Од Лондон се преселила во Париз и таму пред 14 години првпат ја сретнала Мартина.

– Се занимавав со мода, во Париз среќавав неверојатни луѓе, познати луѓе, членови на кралски семејства, а тогаш ја запознав и Мартина. Не бев голем љубител на тенисот, но се разбира дека знаев која е таа и започнавме разговор – се присетила Јулија на средбата со Навратилова.80861_martina-profimedia0211552708_630x0

Таа додала дека нивното истоевропско потекло ги споило, првиот нивен разговор протекол во смеа. А кога вторпат се сретнале случајно во еден ресторан, додека Јулија ручала со своите ќерки, Лемигова сфатила дека сака да ја види Марина и следен пат.
Нивната врска на почеток била платонска, Марина често одела кај Јулија и нејзините деца во Париз и играла со нејзините ќерки тенис.mrt1

Нејзините ќерки Викторија и Ема ја псоетувале Мартина во нејзиниот дом во Мајами. Емоциите помеѓу овие две жени со време станувале се посилни, а ќерките на Јулија во тоа време не и поставувале никакви прашања.
– Видеа дека сум среќна со неа, беше едноставно. Мартина беше дел од нашето семејство и моите ќерки ја обожуваа. Играше тенис и ги работеше домашните задачи со нив, готвеше за нив. Ја нарекуваа нагалено Марти – додала Јулија.

Проблемите настанале кога нејзината постара ќерка на училиште ја задевале поради врската на нејзината мајка.

– Ме праша „Што е Мартина?“, седнавме и разговаравме. И кажав дека Мартина е некој што јас го сакам. Ме гледаше вчудоневидено и додадов „Не можам да живеам без неа“. Потоа ја прашав својата ќерка дали би сакала Мартина да живее со нас и таа се согласи – раскажала Јулија.

Нивната венчавка била многу емотивна. Јулија плачела како и Мартина која важи за силна жена. Јулија истакнала дека живеат како нормално семејство, на релација Америка и Франција каде таа има козметички салон. Со Мартина комуницира на англиски, нејзините ќерки меѓу себе зборуваат на француски, со Мартина на англиски, а со нивната мајка на руски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1