Биолог предупредува – создавањето ГМО храна не е под контрола


Во процесот на создавањето на ГМО, уфрлените ДНК ги уништуваат природните гени и ќелии, со што не се знае исходот на истиот производ. На ваквите производи треба да се стави мораториум на производството и продажбата се додека истите не бидат ставени под контрола од страна на современата технологија.

gmo-gemetski-modifikovana-hrana-genetski-modifikovani-orranizmi-1352501514-228374Процесот на создавање на ГМО производи, не може да се контролира од моментот кога научниците во ќелиите уфрлаат ДНК на друг жив организам, при што може да дојде до мутација на ткивата, предупредува американскиот молекуларен биолог Џон Фаган, кој и самиот со години работел на создавање на вакви производи. Фаган на Меѓународна конференција за ГМО, во Белград, истакнал дека во тој процес на уфрлање на ДНК се уништуваат природните гени во ќелиите, при што не се знае исходот на самиот производ, и дека треба да се стави под мораториум производството, но и прометот на ГМО храната, додека технологијата не ја стави истата под контрола.

Тој додаде дека како научник, се уверил дека постојат проблеми, и дека производите предизвикуваат алергија кај луѓето, дека истите содржат токсини, и ја намалуваат хранливата вредност. Тој наведе дека исхраната на генетски модифицираната пченка, при експриментирање на животните, на крајот на четвртиот месец довело до формирање на тумори и концентрација на токсини во црниот дроб и бубрезите. Слични ефекти се манифестираат врз здравјето на луѓето во Јужна Америка. Фага истакна дека и Балканот треба да каже „НЕ“ на ГМО производите како што тоа го направиле 167 земји. Тој дополни дека само Србија има годишен извоз на своето семе во вредност од 500 милиони долари, нешто што би го изгубила доколку земјата почне да увезува ГМО.

gmo(1)Научникот Вандана Шива од Индија, изјави дека мултинационалните компании своите ГМО семиња ги третираат како патент кои ги продаваат и дека Индискиот завод за патентирање водел голема борба за истиот да не го прифати. На крајот е прифатено да овие компании не произведуваат ништо ново, туку само ген, кој милиони години постои и во природните производи. На овој начин индиските земјоделци ги заддржуваат старите семиња, кои инаку би биле забранети. 50% од земјите во ЕУ го имаат забрането производството и употребата на ГМО и го имаат поставено прашањето како може токму ЕУ да го бара користењето на истото, од земјите кои не се членки на оваа организација. Хрватскиот генетичар Маријан Јост истакнал дека во неговата земја постои Совет за ГМО, во кој, за жал, поголемиот број на членови се промотори на овие производи.

„Хрватска досега успеа да се спротистави на таквите производи, но ако ЕУ ја притисне, се плашам дека истата ќе се согласи на користење“, вели Јост. Професорот на Универзитетот во Нови САД Миодраг Димитријевиќ смета дека Србија треба да ги заштити своите национални интереси, а тоа е да ги задржи областите ослободени од ГМО.

„Имаме комплетна технологија на производство на традиционалните семиња и научен потенцијал, имаме семиња и тоа е доволно за домашниот пазар, но и за извоз“, вели Јост.

geni-covek-300x169„Од нас се бара да нашата технологија ја компромитираме и ја напуштиме и да се најдеме во ситуација во која би биле приморани да ги купуваме производите од странската технологија. Сите учесници денеска истакнале дека ГМО семето е неспоиво со органските производи, затоа што доаѓа до контаминација на земјиштето, што Балканот никако не би требало да го прифати“, истакнал Димитријевиќ.

Професорот на Земјоделските факултет во Земун, Миладин Шеварлиќ, истакнал дека е потребен нов закон за ГМО со цел да не се предизвика штета на земјоделството и потрошувачите во Србија. Нашите граѓани не се доволно информирани за можните последици и досега толерантното однесување на државните органи за нелегалните одгледувања на ГМО сојата во овој регион зборува во прилог на тоа. Претседателот на животната средина на Народното собрание Вујиќ Милица Марковиќ, истакна дека комисијата ќе препорача друг закон за ГМО, кој предвидува воспоставување на професионални совети одобрени од страна на Собранието, и екстремно високи казни за оние кои одгледуваат ГМО, како и мораториум на производството и трговијата на ГМО до 2020 година.

Повеќе за ГМО и ефектите од него врз здравјето на – СтопГМО.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1