Биометео: Општа слабост и болки кај метеоропатите


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека денеска и утре биометеоролошките услови ќе бидат лоши и оти временските прилики ќе влијаат врз метеоропатите.glavobolka

Во пладневните часови денеска, според УХМР, кај поголем број луѓе можна е појава на главоболка, но и болки во колената, грбот и на вратот. Во вечерните часови можно е поголем број луѓе да почуствуваат општа слабост, а кај некои, пак, ќе се појави и чувство на тежина во главата. Во ноќните часови болките кои се од ревматски карактер, но и оние кои се од артритични промени ќе се поупорни.

Утре попладне, како што стои во соопштението од УХМР, биометеоролошките услови ќе бидат особено лоши.

Во претпладневните часови се очекува честа појава на главоболка, болки во колената, на грбот и вратни болки. Во попладневните часови се очекува честа појава на општа слабост, а кај некои пак ќе се појави и чувство на тежина во главата. Во вечерните часови болките кои се од ревматски карактер, но и оние кои се од артритични промени ќе се подолготрајни, стои во информацијата од УХМР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1