На 01.08.2017 година во 14:15 часот во Полициска станица во Битола, В.Т. пријавила дека на улица „Партизанска“ од станот каде живеел нејзиниот син 41-годишен Ѓ.Т. се ширела непријатна миризба.
Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот, влезено е во станот и на подот во дневната соба било пронајдено безживотното тело на Ѓ.Т. Од страна на лекар од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт.
По наредба на Јавен Обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција.