Битола: Маж со прострелна рана во главата пронајден во автомобил на паркинг


Во возило на паркинг, пронајдено е тело на 34-годишен маж со прострелна рана во главата, кој според полицијата, најверојатно извршил самоубиство.

Од МВР соопштија дека завчера околу 7 часот на патниот правец Ресен-Битола, на паркинг во близина на техничкиот преглед на излез од градот, во возило „Поло“ починат бил пронајден М.П.(34) од Ресен со прострелна рана во пределот на главата. Во внатрешноста на возилото бил пронајден пиштол марка „ХС“ калибар 9мм.

Смртта е констатирана од Итната медицинска помош и извршен е увид од екипа на Секторот за внатрешни работи Битола, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1