Битолчанец го малтретирал и го тепал своето 12 годишно дете, соопшти полицијата.
Според истиот извор, СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Џ. (36) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „запуштање и малтретирање на дете“ и „телесна повреда“. Пријавениот го запуштил, малтретирал и тепал своето дванаесетгодишно дете.
На 03 февруари во домот на бабата на детето, пријавениот го натепал својот син, при што му нанел видливи повреди во пределот на главата и телото, кои биле констатирани во Клиничка болница во Битола.