Група од 25 планинари членови на Планинарско спортскиот клуб „Пелистер“ на годинешното зимско искачување на врвот Кајмакчалан на надморска височина од 2.524 метри го развеаја македонското знаме на грчка територија. Искачувањето го направија од грчката страна на планината, со старт од зимскиот скијачки центар „Ворас“.
Планинарите велат дека искачувањето траело два и пол часа во услови на магла и силен ветер, иако за повеќето од нив ова било прво искачување во зимски услови на Кајмакчалан.
Утрински весник