Бизарен обид за заработка: Си ги отсекле рацете за да земат оштета


Во очајнички обид за да заработат некоја пара, двајца Шпанци си ги отсекле рацете со пила. Нивниот план бил залуден, затоа што осигурителните куќи ги прочитале.

hand-in-action---open-hand-6_2889081И двајцата се обиделе да извлечат значителен износ на пари од осигурителната компанија, откако со електрични пили си ги отсекле рацете. Истражителите од осигурителните куќи ја препознале измамата затоа што ампутацијата на рецете ја извеле речиси перфектно.
Шпанската полиција тврди дека двата случаи се поврзани.

Првиот човек раката си ја пресекол со електрична пила, а потоа од дури од 11 осигурителни компаии, барал 2,4 милиони евра, велејќи дека ја изгубил во сообраќајна несреќа. Кога му ја прегледале раката, истражителите увиделе дека резот е премногу чист, за да истиот се случи за време на сообраќајка, и дека таков рез не би направил ни хирург за време на ампутација.

Другиот маж, од осигурителните компании барал 800,000 евра, тврдејќи дека раката ја изгубил за време на несреќа при управување со пила. Така е утврдено дека резот е премногу чист. И во двата случаи кај луѓето е утврдено дека се работи за две капки во морето на очајници, кои на се поектремни начини се обидуваат да сврзат крај со крај во земјата, во која невработеноста од месец во месец бележи рекорден раст.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1