Бизарна смрт: Жена од 128 килограми паднала по скали и го здробила сопругот (ФОТО)


Манјула Витлани (68) и нејзиниот сопруг Натварлал од индискиот град Рамдам го изгубиле својот живот во бизарна несреќа откако поприлично крупната Индијка се струполила по скали и со својата тежина го „поклопила“ сопругот.

Оваа несекојдневна несреќа се случила кога Манјула која тежи 128 килограми , брзала да се качи на катот за да му помогне на својот син кој имал здравствени проблеми со органите за дишење.Indija zena

По неа поитал и нејзиниот сопруг, но несреќната жена се сплеткала на едно скалило, ја изгубила рамнотежата и паднала директно врз сопругот кој при падот добил силен удар во главата. Двајцата веднаш биле превезени во приватна клиника каде било констатирано дека починале од излив на крв во мозокот, пренесува „Тајмс оф Индија“.

Откако видела што се случило, на несреќната двојка поитала да им помогне и нивната снаа, но и таа и се слизнала и ја повредила ногата која подоцна и била санирана во болница.

Полицаецот Рајкот Талука, кој вршел увид на овој бизарен несреќен случај го изјавил следното за индиските медиуми:

– Двојката отсекогаш беше загрижена за здравјето на својот син. Кога слушнале дека му е лошо побрзале да му помогнат, но изгубиле рамнотежа и завршиле кобно – пренесува „Дејли мејл“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1