Осомничени се 14 лица на возраст меѓу 27 и 60 години. Меѓу нив има и една 26 – годишна девојка која ќе одговара за прикривање на кривичното дело како и за продажба на златото во продавници за откуп на златен накит.

bolivija ziv zakopan grobistaОбвинетите гробари низ гробиштата оперирале од 1993 година до почетокот на февруари оваа година. Од мртовците краделе синџирчиња, нараквици, златни заби кои ги земале со себе при копањето и затрупувањето на гробовите и префрлањето на посмртните останки.

„Н одевме во златарите заедно, туку поединечно, а парите ги делевме“, изјавиле дел од уапсените гробари и додале дека златните заби не ги ваделе од свежо закопаните лица, туку ги земале по прекопување на гробниците на одамна починати луѓе.

Носачите пак, го користеле моментот пред самото затворање на сандакот, кога семејството и роднините на покојникот ќе ја напуштат капелата. Тогаш од покојникот земале каков и да е накит или други вредни предмети. Парите што ги земале од продажбата ги трошеле на цигари, пиво, ќебапчиња,
кредит за мобилен телефон, а неретко и се обложувале . Сево ова кој знае до кога би траело ако полицијата не добила дојава од златар кај кого дошол еден од осомничените и тоа во работна униформа на која пишувало „Погреб“.

Тогаш почнала неколкумесечната истрага која резултирала со апсење, после кои осомничените добиле откази од ова јавно градско претпријатие.