Гробот на Тијана Јуриќ, свирепо убиеното петнаесетгодишно девојче, од кога пред 10 дена е погребана, покрај семејството и најблиските пријатели, го посетуваат и непознати. Иако меѓу непознатите кои тука доаѓаат и оставаат цвеќе, најбројни се оние кои доаѓаат затоа што ги погодила судбината на ова несреќно дете, секако ги има и оние другите!
Имено, новинарите на српскиот “Ало“ биле сведоци на бизарна сцена, кога мајка ги фотографирала своите деца на гробот на трагично настраданото девојче, како да се работи за некоја атракција или туристичка знаменитост.
Непознатата жена со децата дошла на гробот, а откако малку се задржала, таа ги построила своите деца и неколкупати ги фотографирала. Откако завршила со оваа необична и малку забегана активност, го напуштила гробот, пишува српски “Ало“.