Бизарно ветување на претседателот на Рома: Ќе се убијам ако стадионот не биде готов до 2021 година


Претседателот на Рома Џејмс Палота е толку убеден дека новиот стадион на „волчицата“ ќе биде готов до 2021 година, што им порача на навивачите дека ќе се убие ако не бидат испочитувани роковите.

Американскиот бизнисмен неделава имаше серија средби во Рим околу проектот „Стадио дела Рома“.

– Доцнењата се делумно и по наша вина, бидејќи кога го почнавме проектот не очекувавме вакви проблеми, како компликации со влијанието на животната средина и со дизајнот. Во април ќе го презентираме новиот проект – изјави Палота.roma palota

Потоа тој им порача на навивачите дека ќе стадионот ќе биде готов до 2021 година.

– Ќе се убијам ако не завршиме дотогаш – се пошегува претседателот на римскиот клуб.

Рома, исто како и градскиот ривал Лацио, ги игра своите натпревари на „Олимпико“, кој е во сопственост на Италијанскиот олимписки комитет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1