Готје кој живее Лил, Франција, со денови бил фрустриран што морал да го поминува истиот пат за да работи во канцеларија во Париз и одлучил да се насели на пуст остров.
Тој имал желба да го помине животот како Робинзон Крусо на еден од 17.000 индонезиски острови. По долго чекање за согласност од индонезиските власти заминал на пуст остров , на кој друштво му правеле змиите, глувци и гуштер и едно куче.
За „Гардијан“ изјавил дека сакал да биде првиот „веб Робинзон“ за да влијае на неговите сонародници Французи да го напуштат секојдневието.
На патувањето отишол во октомври , а со себе понел само Шатор, четири соларни батериии, телефон, лаптоп, ориз и тестенини. Се будел во пет часот а заспивал на полноќ. На островот берел плодови и ловел риби.
„Имав чувство дека сум во карантин. Секој ден беше волшебен. Го искористив периодот да се прочистам од модерниот живот, изјавил тој за Ле Фигаро.
На почетокот се ограничил само на одржување интернет врска за 20 евра дневно не не издржал многу. Стравот дека ќе го изгуби интернетот станувал се поголем. Сепак, најмногу му недостасувал контактот со луѓето.
„Да се работи со некој од друга локација може да биде добро, но да се работи виртуелно има своја граница. Ова може и да функционира но не може да го замени човечкиот контакт, рекол тој.