Трудниците и жените кои неодамна се породиле добија поголема правна заштита откако земјава го усогласи Правилникот за минималните барања за безбедност и здравје при работа на бремени работнички, работнички кои неодамна се породиле или дојат со европските стандарди во областа.
Правилникот го донесе Министерството за труд и социјална политика на 29 декември минатиот месец.
Измените во септември лани ги преложи Групацијата за безбедност и здравје при работа при Стопанската комора кој побара да се усогласува македонските прописи со европското законодавство.
Со овие измени, трудниците, но и жените кои неодамна се породиле, а се во работен однос, од државата добиваат поголема заштита во однос на евентуалното и нехумано нивно работно ангажирање на работната позиција.
Работното место на оваа категорија не смее да биде работа под услови на силен стрес и психички напор што може да биде штетно за плодот, не смее да е тешка физичка работа, а бремената работничка не смее да ракување со товар потежок од 5 килограми.
Ова е прва инцијатива која на барање на бизнис заедницата е реализирана од страна на Владата.Стопанската комора од јуни до крајот на 2017 година, поднесе 19 иницијативи до Владата.
Од Комората пред два дена оценија дека сите иницијативи кои потекнале од бизнисот се прифатени од Владата и се во тек на реализација. Бизнисмените меѓутоа забележуваат дека има потреба од поголема соработка со институциите на сите нивоа за да се забрза имплементација на иницијативите .