Пред шест месеци, директорот на американската IT компанијата Gravity Payments, Ден Прајс се најде во сите светски медиуми откако објави дека им ја зголемува минималната плата на вработените на 70 илјади долари на годишно ниво, односно 5.800 долари месечно, пренесува српски „Новимагазин“. Освен тоа, тој и својата плата на годишно ниво ја намали на 70 илјади, односно на исто ниво како на вработените, со цел да може да ги финансира.
Иако многумина предвидуваа дека после ваквата одлука тој ќе се соочи со брз пропаст, сепак се покажа дека одлуката била добра.
Прајс ваквата одлука ја образложи со тоа дека сака да се бори против нееднаквоста во платите, особено со оглед на тоа дека платите на менаџерите се „целосно луди“.
„Нееднаквоста во приходите забрзано се развива и тоа во погрешен правец. Сакам да се борам за идејата секој интелигентен, вреден и продуктивен работник да има право на животен стил што одговара на средна класа“, објаснува Прајс.
Шест месеци откако ја донел одлуката, неговата несебичност се исплатила. Профитот на компанијата двојно се зголемил за само шест месеци. Нарачките од новите клиенти скокнале од 30 на 2000 месечно, а што е можеби уште поважно, пишуваат светските медиуми, во третиот квартал скокнал и процентот на клинети кои Прајс успеал да го задржи.
Kapital.mk