Секојдневно на Фејсбук среќаваме илјадници постови, фотографии, песни… од кои повеќето би сакале да ги блокираме.
Но, оваа приказна која ја пренесува АВС ќе ви докаже дека Фејсбук некогаш знае да реши многу тешки човечки судбини.
Станува збор за мајка од Калифорнија, која откако прикачила фотографија на Фејбсук, успеала да го најде својот киднапиран син.
Тажната приказна на Холанд започнала во 1999 година, тогаш таа се развела од својот сопруг и почнала „битка“ за тоа кој ќе го добие старателството над нивниот син Џонатан.
Џонатан тогаш имал само 3 години, а неговиот татко на сред целиот судски процес го зел синот и заминал за Мексико и никогаш повторно не се вратил. Тој при тоа ја прекинал секоја комуникација со Холанд.
-Тој го зеде Џонатан и рече дека одат на краток одмор. Имаше моја пишана дозвола. Тоа беше еден нормален ден, кога последен пат го видов. Не ни помислив дека мојот поранешен маж ќе го направи тоа, рекла Хоанд.
Џонатан пораснал во Мексико без никакви сеќавања за неговата мајка. Но, имал една стара семејна фотографија, која еден ден ја прикачил на Фејсбук.
Она што е истресено е дека се надевал оти некој ќе ја види, можеби неговата мајка или брат и ќе го исконтактираат.
Тука замешала прсти судбината, па по години барање и контакти со полицијата, Холанд по некое чудо ја видела фотографијата и веднаш го препознала својот син.
Денес, по 15 години, Холанд и Џонатан се сретнаа и се пресреќни.