Претседателот на Владата на Хрватска Зоран Милановиќ, кој денеска ја посети касарната “Полковник Предраг Матановиќ” во Петриње, по позирањето на фоторепортерите, падна од воено возило, но мина без повреди.
Милановиќ, како што пишува загрепскиот “Вечерњи лист” го разгледувал оклопното возило БОВ Патриаа АМВ, им позирал на снимателите и во еден момент, наместо од возилото да се симне излегувајќи на предвиденото место, погрешно ја проценил висината и се обидел да скокне.