Асоцијацијата на лекари на Нигерија го обвини нигерискиот милијардер и гувернер на сојузната држава Имо, Рочас Окороча дека организирал мрежа за трговија со човечки органи во соработка со шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи и официјални лица од Турција и Хрватска, објави белградскиот весник „Блиц“, повикувајќи се на информација на нигериската новинска агенција Наиџ.
– Првпат во историјата една Влада учествува во трговија со органи. Владата на државата Имо ги користи медицинските институции за да овозможи трговија со луѓе – изјави претседателот на лекарската асоцијација Филип Нџеманзе.
Тој вели дека Окороча патувал во Турција, Косово, Хрватска, Јужна Африка и во неколку азиски земји.
– Имаме работа со меѓународна мрежа на чело со Рочас Окороча во Нигерија. Поранешниот косовски премиер Хашим Тачи, кој е на чело на трговијата со органи во Европа, е негов пријател – нагласи Нџеманзе.
Во врска со ваквите обвинувања нигериските власти соопштија дека тоа е „стара приказна со која веќе се занимавале безбедносните служби на Нигерија“.
Окороча го посетил Косово во март 2012 година, при што се сретнал со Тачи, кој во тое време беше косовски премиер, со неговиот заменик Беџет Пацоли и со министерската за трговија Мимоза Кусари.
Обвиненија против Тачи за трговија со човечки органи прва изнесе поранешната обвинителка на Хашкиот суд, Карла дел Понте во нејзината книга „Лов: Јас и воените злосторници“, која ја објави по напуштањето на функцијата во Хаг.
Дел Понте во книгата тврди дека во 1999 година од новинари дознала дека „околу 300 Срби и неалбанци“ од Косово биле киднапирани и пренесени во Албанија, каде им биле вадени органи, кои потоа биле испраќани во Италија, од каде биле дистрибиурани низ клиники ширум Европа. Таа тврди дека органите биле ваден во „жолта куќа“ во алабнското село Бурел.
Во извештај на Советот на Европа од 12 декември 2010 година како организатори на киднапирањето луѓе и илегалната трговија со човечки органи беа посочени Хашим Тачи и „Дреничката група“, потсетува „Блиц“.