Речеси зад секој конфликт на Блискиот Исток што ќе се појави во поновата историја лежи нафта или гас.
Задржување на Башар ал Асад на власт, елиминација на Исламска држава, пресметка со бунтовниците кои ги финансира САД, обезбедување на единствениот излез на Русија на море преку пристаништата Тартус и Латакија… сите овие се причини кои се наметнуваат како објаснување за активното учество на руската војска во сириската војна, како и нејзино масовно присуство дури по т.н. „повлекување“. Сепак, ова не е единствена причина зошто Русија нема намера да ги подигне рацете од Сирија, анализира српскиот весник Блиц.
Конфликтите на Блискиот Исток се спасуват со милениуми, а речеси зад секој што ќе се појави во поновата историја лежи нафта или гас, како и стратешки цели.
Ситуацијата не е многу различна и овој пат.
1.Моќен гасовод
Во 2012 година се пишуваше дека една од причините за кризата во Сирија е одбивањето на Башар ал Асад да ја прифати изградбата на моќен гасовод што ќе се протега од Катар до Европа. На овој начин, главната нишка на руската економија ќе пропадне, која и понатаму живее бидејќи цела Европа зависи од нејзините енергетски ресурси.
Роберт Кенеди Помладиот за магазинот „Политико“ анализираше за ова уште во 2016 година, објаснувајќи дека вистинските причини за војната во Сирија се одбивањето на Асад за идејата за гасовод, заедно со кршењето на човековите права, воените злосторства и диктатурата.
Официјалната причина за избувнувањето на војната во Сирија е побуната на граѓаните против легитимноста на династијата на Асад и неговата строга диктатура. Меѓутоа, протестите во 2011 година се само поголем бран од оние во 2009, истата година кога Катар понуди да изгради 1.500 километри гасовод, вреден 10 милијарди долари, преку Саудиска Арабија, Јордан, Сирија и Турција во Европа.
Катарскиот гасовод кој беше категорично отрфлен во 2009 година би претаставувална некој вид на проширена верзија на газоводот Талин, кој уште во 1947 година сакаше да го изгради американската компанија Бетел и саудиската фирма Арамко, но потоа Сирија го прекина проектот. И тогаш имаше демонстрации на улиците во Сирија, но никој не обрнуваше многу внимание на нив, бидејќи следната година во Сирија изби пуч.
Италијанскиот бизнис дневник „Ил Соле 24 оре“ тогаш напиша дека Асад во 2010. почна да преговара со Иран, неговиот историски шиитски сојузник и клучен противник на САД и Саудиска Арабија, за изградба на гасовод од големи размери, кој ќе испрати ирански гас преку Ирак, Либан, Сирија до Европа.
Како што Асад тогаш ги штитеше сопствените интереси, пари и избегнуваше суд за воени злосторства, истовремено чувајќи му грб на својот сојузник Путин, така притисокот се зголемуваше. Во комбинација со голем број незадоволни граѓани, како и контури на арапската пролет, смртоносниот коктел беше подготвен.
2.Стратешки интерес и влијание во плодотворниот регион
Долготрајната аспирација на Русија за конечно да дојде до т.н. топло море конечно беше постигнато откако Асад, во замена за воен сојуз и заштита, на Москва им ги отстапи медитеранските бази во Тартус и Латакија.
Покрај тоа, кога тој еднаш доби покана да игра во регионот, кој обезбедува до една петтина од светските резерви на нафта и огромен дел од пазарот за гас, Владимир Путин нема намера да излезе.
Не треба да се игнорира моментот на влегувањето на Русија во Сирија: Тоа беше во време кога цената на нафтата падна најниско ниво, збогатувајќи ја руската економија.
Павел Бајев, професор на Институтот за мировни истражувања во Осло и поранешен советски академик, во тоа време за „Волстрит журнал“ изјави дека за Русија, падот на цената на нафтата претставува директна закана по националната безбедност и оти според тоа, контролата над Сирија е неопходна, по секоја цена.
3.Парите од оружје и градежни проекти
Продажбата на руското оружје остро се зголеми откако Путин го даде знакот за влез во сириската војна, и беше јасно дека „сухоите“, „С-400“, „БУК“ и останатото руско оружје нема да ја напуштат Сирија долго време. И зошто би ја напуштиле кога ова е идеален тест полигон?
Покрај тоа, треба да се има предвид дека во април 2016 година, непосредно по влегувањето во Сирија, Русија веќе потпиша скоро милијарда долари во инфраструктурни и други договори. Во ноември 2016. година, Дамаск вети дека приоритет во договорите ќе има Москва. Неколку енергетски компании поврзани со Кремљ веќе почнаа да работат во областа на нафтата, гасот и рударството во областите што се ослободени од Исламска држава. Две земји дури размислуваат да создадат нова заедничка банка за олеснување на овие трансакции.
Реконструкцијата на државата нема да биде рамна и нема да донесе добро на сите граѓани. Режимот сака да ги казни регионите што се побудниле со негирање на финансирањето на градежништвото.
Активистите за човекови права се плашат дека обновата само на оние делови од државата чии жители во голема мера беа лојални на Асад, само ќе ги продлабочат оние поделби што доведоа до граѓанска војна. Но, Русија не е премногу заинтересирана.