Блокиран сообраќајот кај патарината на автопатот Тетово-Гостивар


Жители од село Горно Седларце денеска во 13 часот го блокираа сообраќајот на автопатот Тетово-Гостивар, кај наплатна станица-Тетово кон Гостивар.patarina mk 5

Учесниците во блокадата бараат да бидат ослободени од плаќање патарина, бидејќи, како што велат, живеат на само 3,5 километри од автопатот, споредниот пат не е асфалтиран, а другиот пат за пристап им е осум километри.

Според првичните најави, блокадата ќе трае половина час.

Автомото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1