Бојан Јовановски примил инфузија во болница, па бил вратен во Шутка


Првоосомничениот во случајот Рекет, Бојан Јовановски наместо да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска, заврши во болница.

Интервенираше и брзата помош, па после половина час на носилка Боки 13 беше изнесен од зградата на Обвинителството.

-Јовановски беше однесен во болница, му беше пружена медицинска помош, примил инфузија и сега веќе е вратен во притворот во Шутка. Во моментот состојбата му е стабилна,велат за „Фокус“ од управата на затворот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1