Боба од „Жикина династија“ стана дедо – ќе го препознаете ли? (Фото)


Публиката од регионот  го памети по улогата на Боба од култната серија „Жикина династија“ од 1980-тите години. Сепак актерот Владимир Петровиќ (60) денес се занимава со друга професија.

Владимир кој пред неколку месеци станал дедо, за српските медиуми изјавил дека е среќен што не е актер.

marijaiboba

– Имам рекламна агенција и со тоа се занимавам веќе неколку години. Сме изработувале разни реклами. Среќно сум оженет, имам две деца, синот Игор и ќерката Ана. Двајцата завршија факултети, и двајцата се во брак и пред три месеци станав дедо. Мојот син ми подари внук кој се вика Јере и многу уживам во улогата на дедо – изјавил Петровиќ.

Тој додал дека нема многу прилики да го гледа внукот бидејќи неговиот син и снаа живеат во Загреб, а тој во Белград.

Влкадимир во една прилика открил дека не останал во светот на глумата бидејќи тоа не било работа која го исполнувала.

– Во суштина јас своето хоби го претворив во професија, па сега го работам тоа што го сакам. Не се гледам себе си во светот на глумата – изјавил славниот Боба.boba zikina

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1