Александар, момчето на Љуба Пантовиќ, водителката на „Прељубници“, кој ја затруднел нејзината 16 годишна ќерка, му пратил три писма на нејзиниот поранешен сопруг Караѓорѓе Суботиќ кој веќе три месеци е во затвор.
Тој сакал да го извести таткото на малолетното девојче дека е во среќна врска со неговата ќерка. Му објаснил дека никој не може да го спречи и дека ќе ја остави Љуба штом таа ќе излезе од „Фарма“. Ваквата информација доаѓа откако српски Курир ја пренесе приказната дека девојчето, според тврдењата на нејзиниот чичко Србо Суботиќ, е бремена од момчето на нејзината мајка.
Големиот швалер Александар, кој со својата сопруга го чекаат четвртото дете, првото писмо го пратил дваесетина дена откако Љуба влегла во реалното шоу. На самото писмо стоел датум 7 април.
Писмо1:
Твојата ќерка е мојот живот
Здраво Џоле, еве јас да ти напишам некој збор, иако ваква ситуација не можеше ни да замислиш. Ќе ти помогнам, се што ти треба, затоа што твојата ќерка влезе во мојот живот и никогаш нема да излезе. Еве, одиме секаде каде што таа сака, од сплавови до кафулиња… И знај, сега редовно оди во училиште. И немој да се секираш и нервираш за неа. Неодамна бевме на Златибор. Три дена. Беше убаво, а наскоро ќе одиме на викенд на Копаоник.
Писмо2:
Те поздравува зетот,
-Воопшто не ме интересира што мислиш за нашиот однос и дали со тоа се согласуваш или не. Ти апсолутно ништо не можеш да промениш и тоа добро го знаеш. Нашиот однос не е авантура, туку вистинска и сериозна врска, а тоа ќе го покаже и времето. Џоле, знај го тоа! Љуба е на „Фарма“ и кога ќе излезе, ќе и кажам за ќерка и, и за мене. Неа ќе ја откачам веднаш.
Писмо3:
Не биди тврдоглав обрати ми се за било што.
– За се што ти треба ние сме тука. Толку од твојот зет!