Српскиот бизнисмен, Боголуб Кариќ, кој сега живее во Белорусија, најави дека телевизијата ќе биде иста како и некогаш познатата БК телевизија, наводно поддршка добил од неговите екс заштитни ТВ лица.
Кариќ ги потврди пишувањата на српски Курир, кој во февруари оваа година призна дека станал сопственик на Нова ТВ!
– Ние ја купивме ТВ Нова, која има најсовремена опрема во Србија. Телевизија ќе биде иста како и БК телевизија, ќе има свој програма, политички и економски инфромации. Мислам дека со работа треба да започне во септември – рече српскиот бизнисмен кој живее во Минск.
Оваа информација воодушеви голем број граѓани, но, исто така, и заштитните лица на поранешната БК телевизија,.
– БК телевизија беше епицентарот на една медиумска, социјална и политички епоха. Таа изведе успешна генерација на луѓе кои работеа во телевизијата, а ги создаде БК. Тие и денес се во медиумите. Ние не треба да игнорираме дека оваа телевизија и по 10 години од нејзиното затворање им недостасува на гледачи. Верувам дека со таква репутација, но исто така и со нови идеи, ќе има можност да заземе значајно место на пазарот – вели Зоран Баранц, директор на програмата на ТВ Прва.
Со него се согласува и водителот Вања Булиќ, кои работеше на телевизија на браќата Кариќ и кој го опиша како најдобриот период од неговата кариера.
– Во професионална смисла тоа беше многу убаво време, имав целосна слобода кога како уредник на забавната програма одлучував за се и таков однос негував со газдата. Без размислување јас би ја прифатил поканата на Кариќ повторно да соработувам – вели Булиќ за Курир.