Богов: Македонија може да го воведе еврото


Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов,смета дека земјата ги исполнува сите економски критериуми да го воведе еврото.

Во интервју за весникот Капитал, Богов тврди дека земјава релативно брзо би била подготвена за влез, а користите за нашата економија од влезот во монетарната унија дополнително би се зголемиле.evropska-unija

– Прво е неопходно да влеземе во ЕУ, а потоа секако следува период на подготовки за влез во монетарната унија, или т.н. “период на чекање”. Овие подготовки, се однесуваат на работа на исполнување на квантитативните, или критериумите од Мастрихт, коишто значат ограничена флексибилност на курсот, дисциплинирани јавни финансии, ценовна стабилност и приближување на каматните стапки кон оние на Евро зоната. Со исклучок на долгорочните каматни стапки, каде се уште има простор за конвергенција, сметам дека останатите критериуми ги исполнуваме. Всушност, она што сакам да го нагласам е дека согласно со одбраниот режим на де факто фиксен номинален девизен курс на денарот во однос на еврото, ние веќе долг период активно работиме на исполнување на овие критериуми. НБРМ де факто во голема мерка при водењето на монетарната политика и генерално ја следи политиката и на ЕЦБ, кога условите тоа го овозможуваат. Овој режим на девизен курс е дисциплинирачки механизам, којшто наметнува дисциплинирана монетарна и фискална политика, но и континуирани напори за развој на флексибилен пазар на труд и диверзификација на структурата на економијата и обезбедување на економскиот раст базиран на здрави фундаменти. Оттука, мислам дека од економски аспект, ние релативно брзо би биле подготвени за влез, а користите за нашата економија од влезот во монетарната унија дополнително би се зголемиле. Секако, сето ова под услов да се задржат здравите фундаменти на раст и дисциплинираните – вели Богов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1