Богуљуб Кариќ се врати во Србија по 11 години


Тајкунот Богољуб Кариќ се врати денеска во Србија, по 11 години, откако против него беа прекинати сите истраги поради застареност и недостиг на докази, а пред три денови е повлечена и потерницата на Интерпол за него.

На белгратскиот аеродром го пречекале неговото семесјтво и соработниците, а дочекот бил проследен со аплауз и песни.cdzhcdzhcdzh-96228

Во февруари годинава, Вишото јавно обвинителство ја прекина истрагата за Кариќ поради застареноста на кривичното гонење за злоупотреба на службената должност, односно повлекување на пари од компанијата „Мобтел“.

Во вторникот поради недостиг на докази обвинителстовто за организиран криминал ја запре истрагата за Кариќ по повод основањето на „Мобтел“ и овозможувањето на фирмите од Кипар да добиваат девизни кредити без гаранција од „Астра банка“.

Српскиот премиер Александар Вучиќ истакна претходно дека не е среќен поради прекинувањето на истрагата за Кариќ, но дека тој не сака да се меша во работата на правосудните органи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1