30. јубилејно издание на Макфест го одбележа победата на Бојана Атанасовска и песната ”Диви цветови” .
Како второпласиран заврши Панче Илиев и композицијата ”Кој што ме чуе да пејам” , а на третата позиција е Евгенија Чанчалова со песната ”Миг до вечноста”.
Штип би благодарам многу. Ми значи оваа победа, рече Атанасовска веднаш по прогласувањето.
За разлика од минатата година, фондот на наградите е преполовен, односно сумите изнесуваат 10 илјади евра за првото, 7 илјади евра за второто и 5 илјади евра за третото место.