Бојко Борисов апелира за политичко решение на ситуацијата во Македонија


Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов настојува за наоѓање на политичко решение за ситуацијата во Македонија, изразувајќи загриженост поради случувањата во соседната земја.boyko-borisov

– Македонија како држава е од суштинско значење и за Бугарија да го зачува суверенитетот и интегритетот и да продолжи по патот на евроатланските интеграции. Не е убаво на нашата граница да има таква нестабилност, изјави Борисов на прес-конференција во Парламентот.

Претседателот на ГЕРБ и кандидат за премиер на Бугарија синоќа телефонски разговарал со шефот на македонската држава Ѓорге Иванов, со лидерот на СДСМ Зоран Заев и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

– Многу внимателно, без никакво мешање во внатрешните работи, побарав од сите да најдат политичко решение за неколкугодишната криза. Чувствата на лидерите на партиите треба да останат на второ место, омразата е голема, истакна Борисов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1