Првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски на јавна седница во Апелацискиот суд денеска ќе побара укинување на мерката притвор.
Апелациските судии ќе одлучуваат по жалбата на Боки 13 откако претходно Кривичниот суд му го продолжи притворот за нови 30 дена. На јавната седница, Боки 13 заедно со својот адвокат ќе ги образложат аргументите зошто треба да се укине притворот.
Јовановски е веќе трет месец во притвор. Тој се уште нема дадено исказ пред обвинителката Вилма Русковска. Побара првин да направи увид во доказите со кои обвинителството го сомничи за примање награда и перење пари, па потоа да ја даде својата одбрана.