Боки 13: Здравјето ми е загрозено, секој ден повраќам, а на судењето треба да бидам жив, а не мртов


,,Јас повраќам константно во тие услови. Затворскиот лекар има желба да помогне, но не може поради состојбите. Имам органски проблем. Јас сум во добра психичка состојба. Неуспешните операции се поради лекарска грешка. Пресечен ми е нерв од желудникот и затоа повраќам, ова ми го кажа докторот Спировски од Торакална хирургија. Имам проблем со белите дробови и уште четири дијагнози. По многу од укажаните упатствија од затворскиот лекар, условите кај што се наоѓам не го дозволуваат тоа”, изјави Бојан Јовановски познат како Боки 13, кој е осомничен во случајот „Рекет“ на јавната седница во Апелациониот суд по жалбата за притворот- пренесува „Макфакс“.

,,Физички изгледам добро, но тоа не ја отсликува мојата здравствена состојба. Во оваа постапка треба да бидам жив и здрав, а не мртов. Во однос на бегството, би сакал да додадам дека мојот лик и дело, семејство, менталниот склоп, не укажуваат на тоа. Кога бев уапсен, не бев даден во бегство, туку имав уплатено седум дневен одмор со пријатели. Јас живеам за докажување на вистината на овој случај, докажување на мојата невиност. ”, истакна Јовановски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1