Боледува ли Лепа Брена од остеопороза – за неполна година двапати скрши раце


Лепа Брена минатото лето на одмор ги скрши двете раце, на 1. јануари оваа година падна по скали и го скрши лактот, по што се појавија шпекулации за тоа дека пејачката боледува од остеопороза.

lepa

Иако и самата Лепа Брена изјавила дека овие повреди настанале случајно, поединци изјавиле дека една од најголемите балкански ѕвезди боледува од губиток на коскената маса, по што се огласила и нејзината PR служба:

– „По повод нагаѓањата во медиумите дека Брена боледува од остеопороза, мора да кажеме дека таа добро се опорави. Сакаме да нагласиме дека фолк ѕвездата е одговорна за своето здравје и мирува, а ја чека пат за Тајланд. Фала ви уште еднаш што се грижите“, пишува во соопштението.

Пејачката се огласи и на социјалната мрежа Твитер набрзо откако и` беше санирана повредата.

„Ќе бидам посилна кога ќе излезам од овој проблем! Поради себе, моето семејство и поради вас! Ве сакам многу!“

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1