Болеста од која ќе се разболат 2 милиона луѓе до 2015 година


Новите истражувања од 2014 година на американските научници кои за прв пат обелоденуваат сеопфатни податоци за облиците на туберкулоза кои тешко се лечат покажуваат дека дури 32.000 деца годишно заболуваат од туберкулоза отпорна на лекови.

Вкупно милион деца во светот заболуваат од туберкулоза што е двојно повеќе него што се мислеше порано. Од оваа бројка, дијагнозата се поставува само кај третина случаи.virus labaratorija

– Голем број деца патат и умираат непотребно од туберкулоза, изјави Хелен Џенкис од бостонската болница која го води истражувањето.

– И покрај тоа што децата се четвртина од светската популација. досега немаше проценка колку од нив патат од резистентни облици на туберкулоза, изјави Тед Коен од истражувачкиот тим.

Инфекции од тубекулоза посебно тешко се дијагностицираат кај деца затоа што во таа возраст, болеста изгледа сосема поинаку него кај возрасните. Болеста е предизвикана од бактерија која ги напаѓа градите и се шири со човечки контакт преку искашлување на заразениот.

Според Светската здравствена организација во 2012 година туберкулоза се појавила кај 8,6 милиони луѓе, а од неа таа година починале 1,2 милиони.

Од типовите туберкулоза отпорни на лекови, според СЗО во 2012 година во светот заболеле половина милион луѓе, а порценките се дека од од тие типови заразна туберкулоза до 2015 година ќе се заразат два милиони луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1