Стотици граѓани во колони се упатија кон градските гробишта во Кавадарци, за последен пат да ги испратат Илија, Билјана и Снежана Леови, кои во семејната куќа пред неколку дена беа убиени од нивниот зет.
Скрешни од болка, во колоната се и двете ќерки – Данче и Ирена, која работи на брод во странство и во последен момент успеала да стигне на погребот.
Кавадарчани се згрозени од убиството на луѓето кои ги паметат како големи пријатели и коминукативни луѓе. Во градот владее траорна атмосфера. Знамињата се спуштени на половина копје, откако општината прогласи ден на жалост. Кафулињата се без музика во знак на почит кон починатите.
Илија, Билјана и Снежана Леови пред неколку дена беа убиени во семејната куќа од нивниот зет Тони Станоев. Полицијата успеа да го фати Станоев , кој беше во бегство и од вчера е во Шутка, во триесетдневен притвор.
Кавадарчани и денеска коментираат за односот на институциите, кои според нив, пропуштиле да интервенираат по бројнитеп ријави за насилството до домот на Данчеи Тони Станоеви.