Веднаш по изборите 2011 година и згаснувањето на А1 телевизија под директен налог и нарачка на Никола Груевски се руши милионската инвестиција на Фијат Цаноски, објектот Космос.Целта е политичка одмазда кон Фијат Цаноски, Изјави Заев.
,,Никола Груевски лично ја иницира и контролира целата акција на срамнување на објектот со земја, Груевски лично за таа цел нарачува менувања урбанистички планови, сугерира користење на нивните инсталации во судството, договара медиумски сензации и манипулации за да се оправда пред меѓународната заедница.Разговорите се меѓу министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој ги прима наредбите и нарачателот Никола Груевски.,, Изјави Заев на пресконференцијата