Бомба 8 на СДСМ: Печатење лични карти и кражба на изборен материјал


На вечерашната трибина на СДСМ, предмалку беа објавени неколку снимки, кои според партијата, сведочат за нарачка на лични карти од владини функционери, а кои ќе послужат за изборите.

zoran-zaev1-540x360

СДСМ објави разговор во кој, според нив, министерот Миле Јанакиески нарачува 300 лични карти за правење. Во вториот разговор, пак, министерката Гордана Јанкулоска е незадоволна од процесот и нагласува дека требало се да оди поорганизирано и незабележително, додека во третиот разговор, кој министерот Јанакиески го води со непознато лице, се споменува човек кој наводно им ги изработувал личните карти.

На снимката со Јанакиески, од терен му дојавуваат дека извадиле четири до пет од вреките од избирачките места, а Јанакиески му вели на согворникот веднаш да му ги донесе во канцеларија. Партискиот активист обезбедил матаеријали за пет избирачки места.

СДСМ објави разговор каде според нив, Јанакиевски му пренесува на Миајлков за материјалите и му објаснува каде и како се чуваат гласачките материјали. Тие, како што објавија од СДСМ, во разговорот зборуваат за гласачки списоци на кои се гледало кој не гласал за да им одат дома и да ги натераат да излезат на гласање во наредниот круг.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1