Бомба сокриена во опашката го соборила рускиот авион во Египет


Експертите утврдија дека во авионот А321 на руската авио компанија „Когалимавија“ , кој минатата година се урна во Египет, била поставена бомба во товарниот дел кој се наоѓал во опашката на авионот.

Експертите од меѓународната техничка комисија, која ги истражуваше околностите за катастрофата на авионот А321, објавија дека терористи сокриле бомба меѓу плетен мебел и детска количка, јавија руските медиуми.avion-1_thumb_medium500_338

Во авионот, во кој загинаа 224 лица, бомбата била сокриена меѓу плетен мебел, кој традиционално се носи од Шарм ел Шеик, и детска количка.

Експлозијата предизвикала одвојување на опашката на авионот, а тоа довело до неконтролирано понирање на леталото.

Експертите заклучокот го довеле врз основа на анализа на собраните фрагменти од А321 во хангарот на аеродромот во Каиро.

Трагедијата на небото над Синај се случи на 31 октомври минатата година.

Авионот А321 летал од Шарм ел Шеик за Санкт Петербург.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1