Полицијата врши увид во скопската населба Топанско Поле откако вечерва, нешто по 20 часот пред куќата на бизнисмен кој живее во соседството на вицепремиерот за евроинтеграции, Муса Џафери, одекнала бомба.
Телма јавува дека бомбата не се поврзува со вицепремиерот Џафери.
Од МВР потврдуваат дека во 20.20 часот одекнала експлозивна направа на улица „Никола Малешевски“, повредени немало, а направена била само материјална штета, односно оштетени биле прозорците на куќата и автомобил.