Бомба во Земун: Разнесен мерцедес во движење, возачот загина на самото место


Еден маж загина во експлозија на автомобил, на аголот на улицата „Цар Душан“ и Новиот новосадски пат, во Земун.

Како што јавуваат српските медиуми, во близина на Пупиновиот мост во текот на возење експлодирал мерцедес караван со црна боја.

Екипата на итната помош брзо стигнала на местото на несреќата и го затекнала возачот на автомобилот што експлодирал како не дава знаци на живот.

Според српските медиуми , неофицијално станува збор за Ненад Б. (48) , кој бил повеќе пати осудиван за тешки кривични дела. Очевидците тврдат дека се слушнал звук како да експлодирала граната.

За среќа , нема други повредени, освен едно лице кое од детонацијата било отфрлено од паркингот на другата страна на улицата. Се претпоставува дека под автомобилот имало бомба , која била активирана со далечински управувач.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1