Едно лице загина, а друго е тешко повредено од експлозија на бомба во Даблин.
Ирската полиција соопшти дека инцидентот се случил уште во неделата, во раните утрински часови, во моментот додека жртвите се обидувале да ја поставуват бомбата под еден паркиран автомобил.
Полицијата ја исклучува можноста од терористички напад и верува дека станува збор за пресметка на две банди, при што требало едната да и прати на другата страна заканувачка порака, со кревање во воздух на едно нејзино возило.
Засега се уште се истражува како дошло до експлозијата, но се верува дека станува збор за „катасрофална грешка“ на бомбашот кој заборавил дека во текот на изминатиот викенд почна летното сметање на времето.
Полициски експерти изјавија за ирските весници дека бомбата е направена во домашни услови и дека била „максимално професионално“ изработена.
Двајцата бомбаши требало да ја постават под паркираниот автомобил и таа да експлодира во раните утрински часови, без никого да повреди, освен да предизвика материјална штета.
Но израбоувачот на бомбата, како и тој што ја поставувал, заборавиле дека тоа утро се менува времето, од зимско, во летно, па екплозивната направа се активирала додека бомбашите се уште ја имале во рацете.
Полицијата во Даблин не дава детали за тоа дали овој „несреќен случај“ бил искористн за рации во локалното, ирско криминално подземје. Никој, па ни сопственикот на уништениот автомобил не го коментираат случајот.