Бомбашки напад врз амбасадата на САД во Подгорица – бомбашот се самоуби (Фото)


Црногорската полицијата соопшти дека 43-годишниот Далибор Јауковиќ, роден во Краљево, а кој живеел во Подгорица е мажот кој синоќа половина час по полноќ ја фрлил бомбата во дворот на американската амбасада во Подгорица, а потоа со друга експлозивна направа се самоуби. Според властите најверојатно станува збор за бомба кашикара’. Неговото тело е пронајдено на 30 метри од дипломатското претставништво. Во инцидентот нема повредени лица ,а не е оштетен објектот, бидејќи бомбата најверојатно експлодирала во воздух.

На Фејсбук профилот на Јауковиќ може да се види дека тој е награден со медал за заслуги „во областа на одбраната и безбедноста“ на тогашна Сојузна република Југославија во 1999 година, односно во времето на косовскиот судир со указ на претседателот Слободан Милошевиќ.Тој не бил оженет, живеел сиромашно и бил без работа.Јауковиќ бил противник на влезот на Црна Гора во НАТО.

Потсекретарот на Стејт департментот, Стив Голдстин изјави дека очевидци виделе човек како фрла објект преку ѕидот на амбасадата, и оти никој во дипломатската мисија не е повреден.Голдстин додал дека безбедносните функционери на амбасадата го пребарале теренот и не нашле други експлозивни направи. Тој не знае кој е мотивот и дали станува збор за намерен самоубиствен напад.

Амбасадата на својата интернет-страница објави дека „постои активна безбедносна ситуација и ги предупреди граѓаните да го избегнуваат реонот. Истрагата за инцидентот е во тек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1