Џокар Царнаев, осомничен за експлозиите на Бостонскиот маратон во кои загинаа 3 лица и по кој моментално трага целата бостонска полиција, преку интернет се закани поради убиството на неговиот брат.
-Ми го убивте братот, ќе ве убијам сите вас, е последната порака на 19 годишниот Царнаев, по кого потрагата продолжува.
Полицијата досега проверила околу 60-70 проценти од зградите во Бостон, пренесоа руските меидуми, повикувајќи се на нејзин претставник.
Американски конгресмен соопшти дека двајцата браќа во својот дом имале скривница со експлозиви, бомби и гранати. Според демократот Дач Руперсбергер, член на комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом, САД веројатно ќе побараат од Русија податоци за Царнаеви, кои се етнички Чеченци.
Илјадници полицајци се во потера, обидувајќи се да го фатат и вториот осомничен, којшто на сликите и снимките објавени од полицијата носи бела капа и наводно поминал воена обука.
Полицијата изјави дека тој е опасен и ги предупреди граѓаните да избегнуваат секаков контакт со сомнителни лица и да не отвораат врата никому.
Таткото на момчињата вели се сомнева дека неговите синови се вмешани – вели дека неговиот помлад син бил вистински ангел. Државниот универзитет во Дартмут во американската сојузна држава Масачусетс, го затвори попладнево својот кампус и ги евакуира студентите. Евакуацијата следеше откако претходно беше потврдено дека таму се крие осомничениот