„Бомбите“ ќе бидат докази во случајот за апсењето на Љубе Бошкоски


Апелациониот суд денеска на јавна седница донесе одлука дека прислушуваните материјали познати како „бомби“ во предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство, можат да се користат како доказ.Случајот се однесува за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија и екс министер за внатрешни работи,  Љубе Бошкоски.  Првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, а второобвинет е поранешниот командант на „Алфите“, Ивица Антевски-Пуки.

Тие се товарат за кривично дело мачење и друго сурово, нечовечко постапување и казнување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1