Бонуси до 10.000 евра за сите оние кои ќе се откажат од своите дизел возила


Ауди за купувачите од Германија припреми пакет стимулативни мерки за да ги замени старите дизел возила за некои нови модели од оваа марка.

Сопствениците на стари дизел возила, Еуро 1 до Еуро 4, кои ќе се одлучат да купат Ауди со Еуро 6 агрегат (по принцип „старо за ново“) ќе добие бонус меѓу 3 и 10 илјади евра, во зависност од тоа кој модел сакаат да го купат.

Оваа акција, која потполно е финансирана од Ауди, засега е достапна само за купците во Германија и се вклопува со другите мерки кои владата на таа земја ги презема за да го намали бројот на „валканите“ дизелаши на патиштата. Освен за Ауди, акцијата важи и за некои користени автомобили на тој производител, кои исто така, ги задоволуваат Еуро 6 нормите.

Купувачите кои ќе се одлучат за некои од еколошки прифатливите модели, со plug-in хибридни или погон на природен гас, ќе добијат уште подобри понуди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1